Николовска: Антикорупциска нема основни услови за работа, но ќе дадеме се од себе во контрола на изборите

од Viktor Jovanov

Голем дел од изборниот законик е изменет и мора да се следи од почеток до крај за да се поврзат работите. За жал постојат неусогласени одредби кои се рефлектираат и со прекршочните одредби. Антикорупциска, во самиот процес на измени на овој законик достави доста предлози за подобрување и зајакнување на мониторингот и контролите во однос на средствата кои ДИК треба да ги исплати кон медиумите, изјави заменик претседателот на Државната комисија за антикорупција, Катица Николовска.

-Сметам дека сме повеќе свесни за разлика од претходните избори, знаејќи што не очекува овој изборен циклус. Искрено, немаме многу со што да се пофалиме, немаме зголемени материјални средства, немаме човечки ресурси, немаме простории. Но сепак со ресурсите што ги имаме ќе настојуваме поефикасно и поефективно да се вклучиме во самиот изборен процес, вели Николовска.

Таа додава дека антикорупциска ќе го следи користењето на службените возила односно дали функционерите ќе ги користат во партиски цели.

Слични содржини