Николовски: Ако Заев не се премисли, тогаш да се договориме технички за изборите (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Предвремени парламентарни избори мора да се случат, бегање од нив нема. Зоран Заев до пред неколку дена бегаше. После фијаското кое што му се случи и силниот притисок којшто ние го направивме вчера се согласи на предвремени парламентарни избори. Ако до денес не се премисли, тогаш да се договориме технички за истите“, изјави денеска попретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од Автокоманда.

– Ако се премисли ќе направиме силен притисок за предвремени парламентарни избори да се случат. Во однос на очекувањата многу едноставно е Република Македонија има изборен законик и има Устав, треба двата да се испочитуваат и да одиме на избори. Тоа што Зоран Заев го имаше на претходните избори, сега треба да го има ВМРО-ДПМНЕ и да одиме на едни чисти, фер и демократски избори, тврди тој.

Според него, датумот за избори е нешто што ќе се договара попладне на лидерската средба кај претседателот Пендаровски.

„Би било по мене претенциозно сега да говорам за тоа, но кажав треба да се испочитуваат Уставот и законите во Македонија и да одиме на чисти, фер и демократски избори“, вели Николоски.

Слични содржини