Николовски: Ги договараме местата на листите со коалицијата, ќе се знаат по Конгресот во понеделник

од Aleksandar Todeski

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на Централниот одбор донесе роковник. Во моментов завршува внатрепартиската процедура, во делот на предлагање од месни одбори до утврдување на потенцијалните кандидати. Досега се евалуирани над 750 кандидати кои поднеле кандидатура во СДСМ и согласно предвидените процедури, трае постапката и ќе заврши вечерта на 9 март, на конгресот на СДСМ, рече генералниот секретар на владејачката партија, Љупчо Николовски на прес конференција.

„Паралелно се одвиваат и разговорите со Беса во делот на утврдувањето на заедничките кандидатски листи, како што кажав за првпат во историјата. До Конгресот, тие договори ќе се одвиваат. Како што денеска разговараме за програмските понуди кои треба да бидат верифицирани исто така на конгресот и партиските тела на Беса. Договорот кој е постигнат помеѓу претседателите е цврста гаранција дека на изборите ќе имаме заеднички листи за првпат и дека лесно ќе бидат договорени местата на листите, но пред се е битно за граѓаните какви кадри нудиме. Паралелно ги завршуваме преговорите со другите политички партии. Можам да најавам дека ова ќе биде најголема предизборна победничка коалиција која настапила на било кои парламентарни избори“, рече Николовски.

Николовски најави дека во СДСМ ќе има интензивни работни средби се до Конгресот, кој ќе се одржи во понеделник откако претходно во партијата ќе заседава Централниот одбор. Тој посочи дека на добитни позиции на владејачката партија имало и на минатите избори, а ќе има на овие, како за коалиционите партии, така и за независни пратеници.

Слични содржини