Николовски и Бачовски во посета на „Карнем“ и „Монтенегро“ – Позитивни примери на успешни ИПАРД приказни

од Vladimir Zorba

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски, во рамките на теренската кампања за подобра информираност на земјоделците, посетија неколку локации и одржаа средби со земјоделци и мали производители на храна од Полошкиот регион.

Месната преработувачка индустрија „Карнем“ од село Зубовце, општина Врапчиште е уште еден позитивен пример на успешена ИПАРД приказна. Преку средства од ИПАРД програмата, оваа компанија има набавено опрема за преработка, како и изградба на прочистителна станица за отпадни води.

„Со новата ИПАРД 3 програма имаме 97 милиони евра неповратни ЕУ средства и нови акредитирани мерки за реализација на нови успешни ИПАРД проекти.“, потенцираше министерот Николовски.

„Од мал семеен бизнис преку осовременување и проширување на производството со помош на ИПАРД, денес Карнем е снабдувач со месо и месни преработки во земјава и странство.

Инвестицијата во опрема за производство и преработка на свеж програм, барени производи, колбаси и траен програм е со вкупна вредност од 153 милиони денари од кои 7.1 милион денари се кофинансирани од ИПАРД 2 програмата.

Поддршката за инвестиции во преработка на месо, млеко, овошје и зеленчук останува во фокусот и со ИПАРД 3 програмата преку која на потенцијалните корисници ќе им бидат ставени на располагање 120 милиони евра.“, рече Бачовски, пренесе Агротим.

Слични содржини