Николовски и Груби „еден на еден“ во Хотел „Парк“

од Vladimir Zorba

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и членот на ДУИ и доскорешен пратеник, Артан Груби се снимени на иста маса во „Хотел Парк“, во екот на предизборните преговори за коалиција за ново парламентарно мнозинство.

Деновиве се појавија многу шпекулации во однос на пост изборните коалиции, откако неколку албански медиуми изјавија дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ веќе имаат договорено ново парламентарно мнозинство, на чие чело ќе се најде Лазар Еленовски, нешто што подоцна беше деманатирано од двете партии.

„Нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ, но нема никаков договор и со СДСМ“, изјави Османи, негирајќи дека ДУИ е извор на такви информации.

Висок функционер на СДСМ пак тврди дека „нивната коалиција има обезбедено мнозинство што ќе ја формира новата влада“.

„Тоа ќе се потврди во следните денови кога ќе се добие мандатот од претседателот Стево Пендаровски и кога ќе дојде чинот на гласање во парламентот. СДСМ има обезбедено мнозинство за составување влада“, вели изворот.

Фото: Локално

Слични содржини