Николовски и Спасовски од Боговиње: Курбан Бајрам е празник кој возвишува благородни дела и шири универзални вредности

од Nikola Popovski

Курбан Бајрам е празник кој возвишува благородни дела и шири универзални вредности – добрина, милосрдие, хуманост, солидарност, меѓусебно помагање и почитување, кои го прават светот подобро место за живеење, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, кој заедно со потпретседателот Оливер Спасовски вечерва го посетија Боговиње.

Николовски потенцираше дека СДСМ беше првата политичка партија која ја имаше храброста и визијата да го постави овој концепт кој се темели на рамноправност на сите граѓани.

-Ние сме мултиетничка земја отсекогаш и никој не смее да не дели. Може да одиме напред, кон прогрес и благосостојба само како еднакви, рамноправни граѓани, со отворен дијалог и размена на мислења меѓу поединци, со различно етничко, културно, верско и јазично потекло, врз основа на заемно разбирање и почитување, додал Спасовски при посетата.

Денеска наутро муслиманските верници се собраа во сите џамии низ земјава. Утринската молитва го означи почетокот на празникот Курбан Бајрам. Муслиманите го одбележуваат овој ден со колење курбан овца или друго животно. Месото се дели меѓу членовите на семејството, пријателите, а се дава и на сиромашните. Курбан Бајрам се празнува по завршувањето на годишниот аџилак во Мека.

Слични содржини