Николовски ја пофали организацијата на конститутивната седница: Така се оди напред, така се граби накај европска иднина

од Aleksandar Petrovski

Нешто за кое се борам и ќе се борам, е да се даваат признанија за нештата кои тоа го заслужуваат, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Денеска такво нешто вредно за сите аплаузи беше организацијата на конститутивната седница во Собранието.
Со почитување на сите мерки, сите протоколи, бевме горди парламентарци и сведочевме на вистински професионализам!
Секоја чест и голема почит до собраниските служби кои денешната седница ја организираа беспрекорно.
Така се оди напред, така се граби накај европска иднина. Со пример и професионализам! Да продолжиме на ист начин“, посочи Николовски.

Слични содржини