Николовски ќе го поднови Кабинетот: Ги бараме најдобрите млади луѓе со кои ќе се избориме против злото наречено корупција

од Nikola Popovski

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денес изјавил дека ќе ангажира десет нови лица во неговиот кабинет.

„Ги бараме најдобрите, најдобрите млади, но и искусни луѓе, кои имаат кредибилитет, имаат капацитет, кои ги имаат сите вештини, компетенции, кои се целосно растоварени, кои сакаат заеднички со нас најнеселективно и најодговорно да се зафатиме со работа и да одработиме и да ја вратиме довербата на граѓаните, на младите во институциите и да се избориме против ова зло“, одговорил Николовски на новинарско прашање.

Тој потенцирал дека неговиот кабинет во Владата не е парален систем, ниту дека води ресор, туку дека има само координативна улога на институциите и се исклучитечно мал тим од кој граѓаните имаа големи очекувања.

Откако владата објави оглас за нови 10 вработувања, се бараат тројца раководители на сектори, еден помошник, тројца советници и тројца помлади соработници во тимот на вицепремиерот Николовски.

 

Слични содржини