Николовски: Ќе зборувам и понатаму против премиерот

од Nikola Popovski

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денес посочи дека тој е единствениот политичар кој што добил тужба од браќата Вице и Зоран Заеви, односно по првата тужба од Вице Заев, сега втора е тужбата од Зоран Заев, што според него, покажува дека од позиција на власт, моќ и пари сакаат да му направат политички притисок и да го замолчат.

„Да им порачам дека само ме мотивираат со ова што го прават, затоа што уште по мотивиран сум да се борам против нив и да ги изнесувам во јавноста криминалиите што ги прават“, истакна Николоски во гостувањето на емисијата „Што не е јасно“.

Зоран Заев и Александар Николоски денеска повторно се соочија во Основниот граѓански суд на рочиштето за тужбата за клевета која ја поднесе премиерот против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ поради изјава во која вели дека во Македонија се изрекетирани над 20 милиони евра и оти сето тоа е координирано лично до Заев.

Премиерот Заев, како тужител, во својот исказ изјави дека смета оти „со јасно однапред смислена намера, заради политички цели се споделени апсолутни невистини, од страна на господинот Александар Николоски, со конечна цел, да се изманипулира јавноста“, односно, како што нагласи, со случајот „Рекет“ да се „урне неговото име“.

– Како актуелен претседател на Владата и претседател на СДСМ, а имајќи предвид дека тужениот е потпретседател или член на високото раководство на партијата опонент, ВМРО-ДПМНЕ, со многу јасно кажана изјава, преку која се гледа очигледната намера да се нанесе непоправлива штета која што ќе донесе корист, лично за него и неговата политичка партија, затоа што и јас и тужениот извршуваме високи политички и партиски функции и преку тоа, тужениот, би го намалил рејтингот, кредибилитетот и авторитетот пред граѓаните во кои што јас и тужениот, а и нашите политички партии претендираме да го градиме макотрпно, преку дела, тоа име, истакна Заев.

Слични содржини