Николовски: Лажна е веста дека е договорен премиер по принципот три години Заев, една Зибери

од Vladimir Zorba

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски ја демантираше веста на Канал 5 во која се вели дека е договорен премиер по принципот три години Заев, една Зибери, и дека ДУИ ќе управува со УЈП и МВР.

„Имам почит кон телевизија Канал 5 и кон останатите медиуми кои успешно функционираат на и онака тешкиот медиумски пазар во државата.

Сепак, разбирајќи ги проблемите со кои се среќаваат сите медиумски професионалци, замолувам за малку поголема свест при пренесувањето наполно неточни информации.

Јас и #СДСМ стоиме на располагање за изјави, прашања и коментари, тоа медиумите многу добро го знаат, заврши времето на нарачки, закани и насилство кон медиумите. Медиумската слобода е тука, но нека се користи на прав начин и за добро, не за ширење лажни вести за кликови и рејтинг.

За подобро утре на сите нас, да бидеме сите малку попрофесионални во своите дејности“, вели Николовски во демантот.

Слични содржини