Николовски: На 12-ти април победата ќе биде заедничка и за сите

од Aleksandar Todeski

Генералниот секретар и шеф на изборниот штаб на СДСМ, Љупчо Николовски на својот Фејсбук профил рече дека изборниот штаб на владејачката партија и коалицијата ќе донесат нови стандарди и огромна динамика на политички и оперативни активности на терен со граѓаните.

„Денес е долг ден. Ден на многу пораки и контакти, со мотивирани поединци и со борци, со охрабрени членови и чинители надвор од политиката па и со различни погледи но со иста верба. Верба дека ќе не биде и дека друг пат нема. За слобода, демократија и сигирна иднина се изборивме и назад во изолација, мрак и молк враќање нема. За правда и европска иднина се бориме и ќе ја достигнеме“, напиша Николовски.

Според него, на 12 април, победата ќе биде заедничка за песпрективата и иднината што сите ја заслужуваат.

„Укажаната доверба да бидам шеф на изборниот штаб на СДСМ за мене не значи само кормило во процесот на изборите, туку значи верба од СДСМ во новото време и новите генерации кои се посветени да го исполнат сонот на сите граѓани, среќно да живеат и успешно да работат во својата татковина. Почитувани, на 12-ти април победата ќе биде заедничка и за сите, затоа што знам дека нема да гласаме само за да ги победиме изборите, туку ќе гласаме затоа што сакаме и одбираме заедно и сложно да одиме по правиот пат, пат на перспективна и иднина што сите ја заслужуваме. Иднината ни припаѓа нам, градена со заемна почит и заеднички државен интерес“, пишува генералниот секретар на СДСМ.

Слични содржини