Николовски: Некои од институциите нема да добијат директор, туку може да бидат споени или укинати

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, во емисијата „Само интервју“ изјави дека ќе понудат чесни одговорни и отчетни кадри, дека многу работи ќе бидат променети, не само кај ДУИ, туку и кај СДСМ.

„Сите треба да се менуваме да го менуваме начинот и менталитетот и како живееме и работиме, но сметам дека имаме стабилен партнер, нов чист четиригодишен мандат, во ко можеме да ги покажеме резултатите и да потврдиме, и тоа времето ќе го покаже, дека навистина ги почитуваме принципите на договорот и дека се држиме до темелите, до цели и вредности до она што сме се договориле да го градиме како стандард“, нагласи Николовски и додаде дека некои од институциите нема да добијат директор, туку може да бидат споени или укинати.

Според него, граѓаните си го кажаа својот збор на изборите, го покажаа патот, на кого ја даваат довебрата во рамки на политичките партии во парламентот и затоа коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ, Коалицијата Можеме и ДУИ го дава мнозинството заедно со останатите и направивме коалициски договор кој нема ни еден националистички збор, порака, барање или било што.

„Јас ги водев преговорите, проинципиелно разговаравме со Артан Груби повеќе од 35-36 дена за темелите на колацискиот договор, дека борбата против корупцијата мора да биде неселективна, дека граѓаните ја очекуваат правдата, дека само тоа е темелот на кој можеме да постигнеме договор“, истакна Николовски.

Слични содржини