Николовски: Нема недопирливи, случаите со Рашковски и Мијалков се потврда за тоа

од Берта Китинска

Треба да се знае кој за што е одговорен, не можам да коментирам дали некој е невин или да навлагам во судски постапки, одговори денеска заменик-претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски прашан за одлуката на обвинителството дека нема одговорност за Сашо Мијалков дека не бил дома кога требало да му се достави решение за куќен притвор и за одлуката за Драги Рашковски да се брани од слобода.

-Системски ги менуваме работите за кои одговорност треба да има за секој. Ако пред некоја година институциите биле затворени за јавноста и медиумите, денеска институциите се отворени, ова е доказ дека само со отвореност и достапност до информацииите може општеството да напредува и може да има правда за секој, да не може да се сокриваат предмети и случаи, да не стојат истрагите и да влијае човечкиот фактор или политиката. Мислам дека конечно ги ослободивме институциите, а судството и обвинителството треба да си продолжат да си ја вршат својата работа и да бараат одговорност во случаите, нагласи Николовски.

Слични содржини