Николовски: Одберете драги пријатели – Брисел и Европска Унија или Хунзите, Белизе и Субрата Рој

од Берта Китинска

Чекориме напред. Лека и сигурно работите се менуваат. Имаме уште многу што да менуваме, но вреди и да се потсетиме кај бавме и кај сме сега, кажа генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„СДСМ за само три години направи историски пресврт во меѓународната политика и ги оствари стратешките цели на државата за кои сонувале татковците на нашата народност со векови. НАТО и ЕУ станаа реалност, со признат и загарантиран македонски јазик и идентитет.ВМРО-ДПМНЕ остана сама во изолација и лаги.Си отворивме врати што за нас отсекогаш биле затворени. Сега доаѓа редот да ја искористиме шансата. Да се свртиме навнатре и да работиме решиме внатрешни прашања кои не мачат со децении, а во исто време да ја искористиме неповторливата економска шанса за раст што ни се отвора со членството во НАТО и преговорите со ЕУ.

До 2024 ќе отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ, а за 6 години ќе го затвориме преговарачкиот процес.Вие господа од ВМРО-ДПМНЕ со вашата ароганција, диктатура, надменост, не би можеле тоа да го направите ниту за 66 години!Со глас за коалицијата Можеме помагате да обезбедиме 2,5 милијарди евра од европските фондови. Тоа се повеќе пари за справување со корона кризата, за новата македонска економија, за зелената агенда, енергијата, конкурентноста, капиталните инвестиции, земјоделството, канализациите, патиштата, водоводот.

Тоа се европски пари за европски стандарди кај нас дома!Одберете драги пријатели – Брисел и Европска Унија или Хунзите, Белизе и Субрата Роj.На 15 јули, почитувајќи ги сите мерки за заштита, со маска, со држење дистанца, да излеземе и да го оствариме своето право на глас, за подобра европска иднина.На 15 јули да ја поддржите СДСМ и Коалицијата „Можеме“ која ја води државата кон ЕУ и НАТО, и никако да не да дозволите враќање на изолацијата и обнова на режимот на Груевски“, кажа Николовски.

Слични содржини