Николовски: Помина времето кога праќавте инспекции или преземавте фирми и изнајмувавте автобуси на ЈСП

По обвинувањата од пратеникот, Игор Јанушев,  вицепремиерот во Владата задолжен за борба против криминалот и корупцијата, Љупчо Николовски,  од собраниската говорница, денес посочи дека не се точно информациите дека фирма блиска до него добивала тендери од државата и остварувала високи профити, но и дека работела надвор од законските можности за вршење на плаќањето. Потенцираше и дека ова е продолжение на лагите на ВМРО ДПМНЕ и нивните манипулации, во момент кога немаат соодветно решение за граѓаните.

„Продолжувате со исто темпо и навики. На СДСМ му одговара, што немате концепт понуда и конструктивност, а продолжувате со лагите. Лажевте дека братот на Љупчо Николовски е вработен во царина и цела година го правевте тоа, па дека чичко му го вработил во МНАВ, а Љупчо не бил роден кога чичко му работел во М-НАВ , па како може нероден човек да вработи или ургира. Продолжувате со низа лаги и конструкции, му припишувате сопственост на успешни компании во Крива Паланка. Ако за она што денеска го зборувате имате каков било документ или докази слободно дадете ги на институциите – УЈП, ЈО и сите други надлежни“, посочи  Николовски.

Како што посочи Николовски, неточни се тврдењата дека поради тоа што наводно е негов брат, таа фирма добивала тендери и имала раст од 2100 проценти во време на пандемијата. За неколку денови, рече тој, ќе има завршни сметки и видете каква е вистинската состојба.

„Продолжувате со лаги дека добивала државни тендери. Таа фирма нема добиено ниту еден денар на државен тендер, на ниту една постапка од државна фирма или слично. Помина и познато ни е времето кога преземавте фирми, кога уценувавте, кога се формира наменски фирми во секоја општина за да правите бизниси со државата. Тоа го правевте со години, а сега зборувате за фирма која има 40 години традиција“, потенцира Николовски и додаде:

„Помина времето кога праќавте инспекции или преземавте фирми. Вие тогаш изнајмувате автобуси од ЈСП на ВМРО-ДПМНЕ по пониски цени, склучувавте криминални договори за маркетинг, набавувате автобуси со милиониски провизии и вие сега имате образ да зборувате за криминал или корупција“.

 

Слични содржини