Николовски: Поставувањето на вицепремиер за борба против корупција е порака дека отвораме силен фронт

од Aleksandar Petrovski
„Корупцијата секако дека е нотирана и во последниот извештај на ЕК со соодветни низа на препораки, меѓутоа поставувањето токму на вицепремиер кој што има портфолио за борба против корупција и криминал навистина праќа силна порака дека отвараме силен фронт, бескрупулозен, неселективен, законот мора да важи за сите, за секого подеднакво. Никој не треба да смета на партиска поддршка доколку згреши, ние таа порака веќе ја праќаме, тоа е процес низ кој што ќе се движиме“, рече генералниот секретар на СДСМ во вечерашното издание на Дневникот на Сител.
Посочи и дека измените во Статутот на СДСМ , меѓу кои е и изборот на претседател на партијата на директни избори, е чекор напред кон модернизирање и демократизирање на самата партија, но и на државата.
„Тоа ќе биде еден одличен пример, согласно сите норми на Статутот е воведена нова целосна група или глава во самиот статут која се однесува на непосредните избори, тие ќе се органзиираат преку активна регистрација на целокупното членство кое го имаме, овој период ќе го искористиме да навистина покрај другото имаме целосна реевиденција на членството на партијата”, рече Николовски.
Додаде дека со одржувањето на дигиталниот Конгрес, СДСМ покажа дека во континуитет се грижи за јавното здравје, за здравјето на граѓаните како и за членството на партијата.

Слични содржини