Николовски: Просечна плата во земјоделството во месец август достигнала историски највисоки 19 889 денари

од Hristina Nikolovska

Генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вели дека просечна плата во земјоделството во месец август достигнала историски највисоки 19 889 денари.

Развојните економски политики даваат позитивни резултати, што директно влијае врз порастот на платите. Во секторот земјоделство, во август годинава споредено со мај 2010 година платите бележат пораст за 45%. – пишува Николовски на својот ФБ профил.

Во мај, 2010 година просечната плата во земјоделството изнесувала 13,662 денари. Во мај 2017 година, просечната плата изнесувала 16,887 денари, за да во август 2019 госима имаме историски највисока просечна плата од 19,889 денари. Се грижиме за земјоделецот, го враќаме неговото достоинство. – порачува тој.

Слични содржини