Николовски: СДСМ ќе има анкети за сите општини, верувам дека ќе ни успее интенцијата за отворени листи

од Nikola Popovski

„СДСМ е фаворит на овие локални избори, бидејќи според мерит систем, преку кој ја следиме работата на градоначалниците, ја мотивираме, бараме одговорност, го мериме учинокот на градоначалниците, да бидат сервис на граѓаните, се зголемува имплеметнацијата и реализацијата на програмите и ветувањата“, изјави синоќа генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Тој соопшти дека после партискиот конгрес на 16 мај ќе биде отворена постапката и тука ќе се исфилтрираат најдобрите кандидати.

„Ќе имаме анкети за секоја општина, но дигиталниот систем што моментално го имаме во партијата овозможува да го анкетираме членството и тоа ќе го примениме и за изборот на градоначалниците да го анкетираме целокупното членство да каже кој е најдобриот кандидат за нив и верувам дека ќе ни успее интенцијата за отворени листи за овие совети, навистина да ги обдереме најквалитетни луѓе“, порача Николовски.

Во врска со подготвките за претстојниот 26-ти Конгрес на СДСМ, закажан за 16 мај, Николовски рече дека согласно правилникот постапката и роковникот општинските организации до вечерва ги завршуваат општинските изборни конференции, каде што ги предлагаат кандидатите за членови на ЦО.

„Ние вчера имавме координација започнавме генерално со креирање на сликата, односно со разговори, дискусии, дебата, што значат новите политики за СДСМ“, рече Николовски додавајќи дека на 16 мај претседателот пред конгресот ќе излезе со листа од 120 кандидати за членови на ЦО кои се репрезент на оваа нова политика којашто СДСМ ја води.

Околу некандидирањето на Радмила Шекеринска за заменик претседателка на партијата, Николовски рече дека таа во два мандати ја извршуваше оваа позиција со стриктно регулирани надлежности во делот на меѓународните политики и грижа за угледот, интегритетот и развојт на политиките на СДСМ и значајно придонесе во целокупниот тој период, во едно значајно време и лична е одлуката да не се кандидира или да соопшти дека нема да биде кандидат за заменик претстедател на партијата.

Слични содржини