Николовски: Секојдневно се соочуваме со предизвикот да ги заштитиме граѓаните

од Vladimir Zorba

„Здравјето на граѓаните е најважно. Секојдневно се соочуваме со предизвикот да ги заштитиме граѓаните. Како одговорна партија целосно сме фокусирани во поддршка на институциите кои бескомпромисно се борат против заканата од ширењето на коронавирусот“, вели денеска Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

„Сите ние, граѓаните мора целосно и доследно да ги почитуваме мерките и препораките на надлежните институции и на тој начин да допринесеме во оваа заедничка борба. Денеска и утре, се зголемува времетраењето на забраната за движење на населението и ќе трае од 16 часот до 5 часот следниот ден. Исклучително е важно оваа како и сите други мерки и препораки да се почитуваат од сите граѓани, од сите поединци.

Само со заедничко, одговорно делување можеме да го победиме невидливиот непријател“, смета тој.

Слични содржини