Николовски: Склучени 1,477 договори во вредност од над 32 милиони евра како дел од ИПАРД 2 програмата (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски денеска беше во посета на Струга и струшкиот регион, а воедно ја посети и месната индустрија Билјанови во с.Мислешево, како една од успешните примери на водење на бизниси и корисник на средствата од ИПАРД 2 програмата.

Николовски вели дека Владата предводена од СДСМ за само две и пол години направи значајни чекори во однос на се поголема искористеност на европските средства и поголема поддршка во агро секторот.

-Преку олеснети административни процедури, со едукација, со олеснет пристап до фондовите и зголемен број повици, се создадоа услови за првпат државата да не ги враќа парите назад. За тоа зборува и искористеноста од 41% од буџетот на ИПАРД 2 програмата, односно до денес склучени се 1477 договори во вредност од над 32 милиони евра, истакна Николовски.

Тоа е една голема потврда дека сме на прав пат. Продолжуваме и понатаму со што поголема искористеност на европските фондови кои ни стојат на располагање, посочи Николовски.

Слични содржини