Николовски со честитка: Да продолжиме да се почитуваме едни со други, да си помагаме и поддржуваме

од Берта Китинска

По повод големиот христијански празник Рождество Христово Божиќ, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски упати честитка до сите православни верници.

„Почитувани граѓни, Во мое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ви го честитам големиот празник Рождество Христово Божиќ со искрени желби за здравје, среќа и успеси во годината што ни претстои.

Денешниот празник како никогаш досега испраќа порака овие свечени мигови, да ги минеме во топлината на своите домови, опркужени со нашите најбилски, за да ја споделиме радоста за Христовото раѓање, но и да го заштитиме здравјето, како нашето, така и на оние околу нас.

Божиќ е празник на љубовта и празник на светлината. Во духот на христијанството да се помолиме, во срцата на сите верници да се всели мирот и спокојството и заеднички да продолжиме да даруваме љубов и поддршка.

Да продолжиме да се почитуваме едни со други, да си помагаме и поддржуваме, затоа што само така ќе обезбедиме подобра иднина за сите.

Нека е честит, благословен и вековит големиот христијански празник – Божиќ! Христос се роди! Навистина се роди!“

 

Слични содржини