Николовски: Тутунарите знаат дека она што го ветивме, ефективно го имплементиравме

од Vladimir Zorba

Генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски соопшти дека сите ветувања кои се дадени на тутунарите се ефективно имплементирани.

„Горд сум што совршено функционира реформскиот систем на субвенционирање на тутунот.

Тутунарите добија поголеми субвенции, за прва класа тутун се добива 80 денари по килограм, за втора 70 , а за 3-та 60 денари.

Изминатите две години се постигна највисока откупна цена на тутунот, реколтата 2017-та тутунот се откупуваше по 217,6 денари за килограм, а 2018 цената беше 214,5 денари за килограм.

Тутунарите знаат дека она што го ветивме, ефективно го имплементиравме“, пишува Николовски.

Слични содржини