Николовски: ВМРО ДПМНЕ е партија заглавена во криминалот

од Берта Китинска

Откако вчера опозицискиот лидер Христијан Мицковски побара предвремени парламентарни избори заедно со локалните, Љупчо Николовски од СДСМ, изјави дека парламентарното мнозинство е стабилно.

„Ние сме најшироката коалиција, граѓаните избраа да застана зад оние кои ќе ги водат кон ЕУ. ВМРО ДПМНЕ пред се треба да се реорганизира, трансформира, модернизира, за да има позитивен пристап кај граѓаните, за да има коалициски капацитети и за да граѓаните препознаат нешто во нив. Засега ниту нудат луѓе, ниту нудат програма, ниту нудат проекти и се партија заглавени во криминалот, во обвиненијата и сакат да ја кочат земјата. Граѓаните јасно ја пратија порака.Парламентарното мнозинство е стабилно, изјави Николовски.

Тој додаде дека СДСМ ја направила најголемата коалиција, во која, како што рече, има Срби, Роми, Бошњаци, Албанци, Македонци.

„Додека ние сме отворени, транспарентни, ВМРО ДПМНЕ остана заглавена во криминалот, криминалните структури, командувана од Будимпешта, без програма, без идеја, без проекти, без луѓе“, вели Николовски.

Слични содржини