Николовски: За првпат по 1974 година ќе имаме нов закон за конфискација на имот

од Nikola Popovski

Актуелни и бивши функционери 30 години велеа дека е потребен договор за конфискацијата на имотот, но мило ми е што ние сме нова генерација на политичари без никави дамки и дилеми и сме дел од новото законско решение, рече во гостувањето на тв 21, вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски

-За прват по 1974 ќе донесеме законска рамка да има закон за потекло на имот никој да не се богати на грбот на граѓаните и ги ослободуваме сите слабости на институциите при конфискацијата и поделбата на нелегално стекнатиот имот. Досега видовме дека управните постаки за жал се неуспешни, ДКСК на пример досега нема ниту една постапка во која е запленет некаков нелегално стекнат имот, рече тој.

Николовски посочи дека овој закон ќе важи за сите граѓани тоа значи и поранешни функционери, поточно сите кои имаат имот или пари во вредност од над 30.000 евра и немаат доказ за неговото потекло ќе се врши проверка, а тоа ќе ги ги демотивира граѓаните на нивно име да се впишува имот на туѓо име особено на функционери.

-Има луѓе и со пресуди и кривични постаки и по цена да одлежат законска казна потоа да си го вратат нелегално стекнатиот имот. Обвнителите посочија дека
бараат итна и граѓанска постапка за да се конфискува имотот, поточно веднаш да се приложи сето она што го располагаат фунционерите, а ова во Италија се нарекува закон на мафијата, рече Николовски.

Вицепремиерот посочи дека на Нацрт дискусија биле присутни членови од советот на Европа, ДКСК, обвинителите и судиите, а нацрт законот се очекува да биде готов до крајот на август., а потоа следува јавна дебата, но се очекува и политичките чинители да се приклучат и да дадат поддршка.

-Не може да возите кола од 50 илјдаи евра, да имате 5 стана или викендици и да не ви може никој ништо. Кривичните постапки не се ефекртивни нема конфискација, ДКСК нема ниту една конфискација, УЈП не успеала да го процесуира тоа. Како генерација сме различни и достојни и ќе држиме до целта. Закоското решение се изработува на база на јасна физибилити студија и се спроведува во 10 тина земји, не бараме нови ингеренции туку законско решение за никој да не се збогатува на грбот на граѓаните, рече тој.

Слични содржини