Николовски: За викендот СДСМ ќе биде во Струга, тогаш ќе ги имаме првите кандидати за градоначалници

од Nikola Popovski

„Викендов раководството на СДСМ ќе биде два дена во Струга, каде ќе се доработува стратегијата за локалните избори и ќе паднат првите одлуки за првите кандидати за градоначалници“, изјави генералниот секретар Љупчо Николовски во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

Тој додаде дека со нивниот отворен повик не мора да сте член на СДСМ за да бидете кандидат за градоначалник.

„Повикот трае до 30-ти јуни. Анкетата на ИРИ и нашите анкети покажуваат дека СДСМ е фаворит на локалните избори. Имаме предкампањска активност со 1000 средби со граѓаните и одговараме на нивните прашања“, рече Николовски.

Слични содржини