Нина станала од гроб: Комшиите жива ја закопале, но успеала да преживее пекол и да оди дома (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Украинката Нина Рудченко (57) преживеала вистински хорор кога пијаните соседи ја нападнале во Полтава, инаку двајца браќа.

Мажи на возраст од 27 и 30 години влегле во нејзината куќа, ја тепале со бејзбол палка и ја мачеле додека не се онесвестила. Потоа ја одвлекле до гробиштата, и истуриле вода на лицето за да ја разбудат, ја присилиле да ископа гроб и рекле да легне внатре.

Потоа почналеа да ја закопуваат со земја а таа се обидела да задржи мал џеб воздух со рацете.

„Тие се смееја и зборуваа за убиството на моето семејство. Кога завршија, ме прашаа дали сум мртва и заминаа“, раскажува Нина.

Се спасила, како што вели, бидејќи гробот бил исклучително плиток, па успеала да излезе и да ползи до куќата каде што веднаш ја изгубила свеста.

Следното утро на подот ја пронашла сестрата Људмила Гура.

„Крв и модринки имаше по целото лице. Беше црна и отечена. Едвај ја препознав”, се сеќава Људмила. Жртвата веднаш била пренесена во болница, а според наодите на хирургот Олександр Климчук, имала потрес на мозокот, скршеница на вилицата и носот, додека по целото тело била со модринки.

Осомничените за обидот за убиство се уапсени и е започната истрага. На сослушувањето, тие рекле дека биле под дејство на алкохол.

Ако бидат прогласени за виновни, браќата ги чека казна затвор до 10 години.

Наводно, сето тоа започнало заради куче. Соседите тврдат дека Нина им го зела кучето, но тие негираат дека ја мачеле, нешто во што другите локални жители од околината не веруваат во тоа.

Слични содржини