Нина знаела СЕ за односот помеѓу Лечиќ и Даниела, а сега ќе биде КЛУЧЕН сведок

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот актер Бранислав Лечиќ, кого неговата колешка Даниела Штајнфелд го пријави за силување, ќе го брани во судот неговата поранешна сопруга Нина Радуловиќ, пренесуваат тамошните медиуми.

Според „Информер“, водителката на Пинк е убедена дека нејзиниот поранешен сопруг е невин, па затоа е подготвена да сведочи во негова корист доколку обвинителството покрене обвинение против него.

„Лечиќ има тим од 4 адвокати со кои веќе се подготвува за можно судење. Како клучен сведок треба да се појави Нина, со која беше оженет додека работеше на претставата „Дневна заповед“ со Даниела пред девет години, а по таа претстава тој наводно ја силувал. Лечиќ тогаш ѝ соопштил на својата тогашна сопруга дека актерката го прогонува и дека има одредени проблеми, а и самата Нина ја запозна и ја карактеризираше како проблематична“, открива извор, а пренесува „Информер“.

Во своето видео обраќање, Лечиќ рече дека Нина знаела сè што се случува со Даниела, како и дека Радуловиќ била запознаена дека Даниела планира патување во Америка, но не поради силувачот, туку одамна планирала да се отсели од Србија.

„Нина е одлично! Добро се справува со сè. Го познава Бранислав и разбира сè што се случува. Имаме најдобро можно мислење за него“, изјавила наводно мајката на Нина.

Слични содржини