„Ништо необично“: Променет бројот на смртни случаи од коронавирус во Австрија

од Nikola Popovski

Бројот на смртни случаи од коронавирус во Австрија се зголемил откако биле поправени статистичките податоци од главниот град Виена.

Така, по анализата на податоците за смртните случаи од 1 јануари до 30 април, откриени се неколку случаи кои може да се однесуваат на коронавирусот, објавил Виенскиот магистрат задолжен за статистика.

Поточно, станува збор за починати во периодот помеѓу 21 март и 25 април, така што бројот на смртни случаи се зголемил за дополнителни 23.

Ова го зголеми вкупниот број на смртни случаи во Виена од 149 на 172, а со тоа се зголемил и вкупниот број на смртни случаи во Австрија на 668.

Во Виена потенцираат дека не е невообичаено статистиката да се разгледува и коригира.

Патем, во Австрија, сите починати лица со докажана инфекција со вирусот се сметаат за жртви на Ковид-19.

Слични содржини