Ништо од подобрувањето на односите: Вилијам и Чарлс не му веруваат на Хари

од Stefanija Kuzmanovska

Многумина го спомнаа можното помирување на принцовите Хари и Вилијам по повод одбележувањето на 60-от роденден на нивната покојна мајка.

Меѓутоа, сега целата надеж падна во вода. Имено, по откривањето на статуата на принцезата Дајана во палатата Кенсингтон, браќата едвај разговарале, а по церемонијата поминале само 20 минути заедно.

Некогаш неразделните браќа, кои се немаа видено од погребот на принцот Филип, кога Вилијам дури побарал да не оди до Хари, сега се во уште полоша врска, а извори блиски до браќата рекоа: „На Хари е речиси невозможно да му се верува“.

Односот меѓу браќата се влоши и веројатно трајно се смени прво кога се појавија обвинувања дека сопругата на Хари, Меган Маркл, го малтретирала персоналот на палатата, а потоа и кога Хари и Меган дадоа интервју за Опра Винфри во кое направија низа груби обвинувања против палатата и кралството. Меган се чувствувала незаштитена за време на бременоста и размислувала за самоубиство.

И на Вилијам и на неговиот татко, принцот Чарлс, не им се допаѓаше тоа што Хари, по интервјуто со Опра, продолжи да разговара за интимни работи со Гејл Кинг на телевизијата ЦБС, што ги натера да одбијат да се сретнат со Хари приватно и да разговараат во четири очи . Имено, ниту татко му ниту брат му не му веруваат доволно на Хари за да разговараат со него приватно.

„И покрај фактот што Хари и Вилијам се сретнаа со една цел, да го одбележат наследството на нивната мајка, Хари беше целосно исклучен од кралското семејство. Тие ја организираа потребната претстава, го направија потребното за да се осигура дека денот ќе помине во најдобар ред, а потоа се збогуваа “, вели изворот.

Хари, кој се врати во САД веднаш по откривањето на статуата на неговата мајка, сега е повторно обединет со сопругата Меган, која не го видела кралското семејство од Мегзит, односно напуштање на семејството.

Слични содржини