Нискокалорична закуска: Здравствени придобивки од омиленото летно овошје

од Stefanija Kuzmanovska

Лубеницата, во просек, содржи околу 92 проценти вода, па затоа е одлична опција кога станува збор за хидратација.

Покрај тоа, лубеницата содржи многу витамини потребни за организмот, вклучувајќи витамини А, Ц и Б. Ова летно овошје содржи и магнезиум, кој помага во регулирање на работата на мускулите и нервите.

Едно парче лубеница содржи околу 45 калории, што ја прави нискокалорична закуска.

Покрај тоа, високата содржина на вода може да даде чувство на ситост. Затоа, после јадење лубеница, помалку се размислува за храна, што директно влијае на помалата дневна сума на калории.

Слични содржини