Ниту еден нов Volvo не може да се движи побрзо од 180 км на час, а еве и зошто

од Stefanija Kuzmanovska

Ниту еден нов Volvo, освен спортските модели Polestar, не може да се купи без ограничување на брзината од 180 км на час.

Автомобилите направени во Шведска не одат побрзо. Додека германското премиум трио (BMW, Mercedes и Audi) најавуваат дека немаат намера да ја ограничат брзината на нивните возила на вредност што е премала за нив, од Volvo не се пожалија:

„Сметаме дека навистина нема причина некој да вози побрзо од 180 км на час. Сите зборуваат за опасностите од брзо возење, а никој не презема ништо“, објасни Малин Екхолм, директор на Центарот за безбедност на Volvo, во интервју за „Аутокар“.

Слични содржини