Ниту една европска земја не би го реизбрала Трамп

од Stefanija Kuzmanovska

Доколку американскиот претседател Доналд Трамп се соочи со избори во Европа, тој немаше скоро никакви шанси да победи и би добил само 17 проценти од гласовите, покажува истражувањето објавено од германски истражители во средата.

Неговиот ривал, демократскиот кандидат за претседател, Џо Бајден, би добил околу 45 проценти од гласовите, според „Bertelsmann Stiftung“ фондацијата.

Околу 38 проценти од граѓаните на ЕУ не би гласале за ниту еден кандидат ако требало да гласаат оваа година.

Кога истражувањето е поделено на одделни земји, резултатите се разликуваат – Полска е единствената земја каде Трамп има поголема поддршка од Бајден, 38 проценти од гласовите наспроти 30 проценти за неговиот конкурент.

Полјаците сакаат блиски врски со САД од историски причини, вели авторката на студијата Изабел Хофман. Околу 77 проценти од Полјаците изјавија дека демократијата во САД функционира добро.

Спротивно на тоа, 51 процент од анкетираните низ цела Европа изјавиле дека забележале стагнација на демократијата во САД.

Америка, сепак, е рангирана дури и подобро од Кина како важен партнер, судејќи според одговорите на испитаниците.

– Четири години од владеењето на Трамп оставија трага кај граѓаните на ЕУ. Тие ја признаваат важноста на трансатлантските врски, но дадоа мрачна слика за нивната состојба, рече Хофман.

Авторите на истражувањето во септември анкетирале 13.808 луѓе во сите земји-членки на ЕУ, пренесува ДПА.

Слични содржини