Ниту едно лице вакцинирано со руската вакцина немало компликации

од Stefanija Kuzmanovska

Не се забележани компликации кај ниту едно од 3.000 лица кои биле вакцинирани против коронавирус во Москва, изјави денеска градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

„Веќе вакциниравме околу 3.000 лица, сите се во добра здравствена состојба, а поминаа неколку недели и не забележавме никакви компликации“, изјави Собјанин пред новинарите, пренесе ТАС С.

Русија стана првата земја во светот што регистрираше вакцина против коронавирус, „Спутник V“, на 11 август, пренесува „Танјуг“.

Вакцината е развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија на руското Министерство за здравство „Гамалеја“ и ги поминала клиничките испитувања во јуни и јули.

Слични содржини