Нивна заедничка поранешна открива: Кој е подобар во кревет, Бред Пит или Бен Афлек?

од Stefanija Kuzmanovska

Оскаровката Гвинет Палтроу неодамна откри неколку прилично зачинети детали за нејзината врска и со Бен Афлек и со Бред Пит и сподели со целиот свет. Откри кој од нив двајца е подобар во кревет.

Гвинет го запозна Бред Пит на снимањето на трилерот Seven во 1994 година и почна да се забавува со него набргу потоа, пред да се верат во 1996 година.

„Тоа беше голема љубов на прв поглед. Беше лудо“, му рече Гвинет на Алекс Купер на неговиот подкаст.

Палтроу, сепак, ја раскина веридбата во 1997 година, откако сфатила дека е премногу млада за да се мажи.

„Морав многу да работам. Се додека не наполнив 40 години не се разбирав себеси целосно“, рекла Гвинет и додала дека била незрела.

Признала и дека тоа бил правилен потег, но и дека срцето ѝ било скршено.

Во 1997 година таа започна врска со Бен Афлек и беа заедно три години.

На прашањето кој од нив двајца подобро се бакнува, Гвинет рече дека Бред е поромантичен, а Афлек позабавен, но во основа и двајцата добро се бакнуваат.

А еве што рече таа на прашањето – кој е подобар во кревет?

„Навистина е тешко да се каже. Со Бред имаше хемија, како љубовта на твојот живот, а Бен беше технички одличен“, низ смеа изјави Гвинет.

За работите да бидат поинтересни, Гвинет призна дека би се вратила во кревет со Бред Пит, но и дека повторно би се омажила за нејзиниот поранешен сопруг Крис Мартин, фронтменот на групата Колдплеј, од кој се разведе во 2016 година.

Слични содржини