Низ цела Европа се бара крадецот кој успеа да ги ограби домовите на многу милионери (ВИДЕО)

од Milan1

Полицијата од многу европски земји моментално трага по маж обвинет за една од најголемите кражби во англиската историја, пренесува Би-Би-Си.

Алфредо Линдли, наводно, извршил серија кражби во луксузните домови на познати личност во декември 2019 година, вклучително и грабеж вреден 25 милиони фунти во куќата на Тамара Еклстоун.

Италијанските власти исто така го обвинуваат Линдли дека во 2009 година го ограбил домот на Патрик Виеира, сега менаџер на Кристал Палас.

Се верува дека Линдли се крие во Белград, наведува британската служба.

40-годишниот перуански државјанин има досие во Италија поради измама и кражба под различни идентитети од 1995 година, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на судски документи до кои имал пристап.

Истрагата покажа дека Линдли користел најмалку 19 псевдоними во изминатата деценија, меѓу кои Даниел Вуковиќ, Љубомир Романов и Љубомир Радосављевиќ, а документите откриваат дека неговите лажни идентитети се поврзани со различни европски градови, вклучувајќи ги Белград, Сараево, Милано и Загреб.

Под името Љубомир Романов, Линдли се појави пред судот во Белград на 27 август, соочен со екстрадиција во Велика Британија. Сепак, српските власти ја одбиле екстрадицијата, а се верува дека Линдли се уште е во Белград, поточно во Обреновац, пишува Би-Би-Си и додава дека во Србија е наведен како косопственик на градежна компанија во центарот на градот.

Лондонската полиција трага по него поради грабежите од 2019 година во Кенгсингтон и Челзи.

Покрај тешката кражба што ја изврши во вилата на наследничката на Ф1 империјата, тој ги ограбил и куќите на англискиот фудбалер Френк Лампард и на починатиот поранешен сопственик на Лестер Сити, Вичаи Шриваданапраба во западен Лондон.

Најголем дел од парите, украден накит и часовници никогаш не биле пронајдени, а во кражбите не учествувал сам.

Слични содржини