NKEU: Потребно е итно продолжување на дијалогот во Брисел на највисоко ниво

од Stefanija Kuzmanovska

Работната група на Националната конвенција на Европската унија (NKEU) за Поглавјето 35 ги повика денеска сите актери, вклучително и меѓународните партнери, итно да организираат продолжување на дијалогот во Брисел на највисоко ниво со цел заеднички да се најде решение за сегашната ситуација.

Во соопштението тие изразија загриженост за состојбата во општините на северот на Косово откако српските политички претставници, полицајци, судии, обвинители и функционери ги напуштија институциите.

„На овој начин се создаде институционален вакуум што доведува до нарушување на безбедноста и правната сигурност на граѓаните, со што се поништуваат позитивните резултати постигнати во рамките на бриселскиот дијалог“, оценуваат во соопштението.

Слични содржини