„Но Пасаран“, „Човекот над профитот“ и „Стоп за грабежот“ ќе одржат мирен протест пред ОЈО

од Vladimir Zorba

Утре, 02 12 2022 год. во 12:00 час. пред Основното Јавно Обвинитество во Скопје, здруженијата „Но Пасаран“, „Човекот над профитот“ и „Стоп за грабежот“ ќе одржат мирен протест.

„Пред ОЈО ќе застанеме, да побараме да се реагира по допрен глас но и по матерјални докази за сторени кривични дела- злоупотреба на службена должност и овластување, лихварство, корупција, измама, фалсификување, изнуда,…

Нереално високите побарувања, и по 10 пати поголеми од основниот долг, кои ја надмашуваат каматата и тарифата се чист грабеж, кој ако не се истражи, последиците по ова општество ќе бидат погубни.

Протестираме против начинот на извршување каде што е прекршен Кривичниот законик, па спрегата на корумирани судии, нотари, извршители, доверители ќе продолжи ако е се реагира на време.

Здруженијата се соединети во – борба за правда, борба против мафијашката спрега доверители, судии, фирми за наплата на побарувања, извршители и низа на корумпирани државни службеници“, се вели во најавата.

Слични содржини