Нобеловецот кој точно го предвиде текот на епидемијата во Кина има нова прогноза: Мора да ги послушаме неговите зборови!

од Aleksandar Petrovski

Мајкл Левит, добитник на Нобелова награда и ценет научник од Универзитетот Стенфорд, тврди дека епидемијата на коронавирусот во Италија и Њујорк конечно го намалува темпото.

Левит кој претходно предвиде прецизно колку луѓе од прилика ќе се заболат во Кина и колку ќе починат, сега вели дека ситуацијата во најголемите жаришта оди кон подобро. Во тие две најпогодени места има 260 од вкупно 775 илјади заразени од Ковид-19 ширум светот.

Кога станува збор за САД, најпогодена е сојузната држава Њујорк со 66 илјади случаи, но во Италија и натаму ситуацијата е критична. Професорот Левит вели дека ситуацијата на Апенините сепак се подобрува, во прилог одат новите бројки, а во следните денови ќе биде забележано ново подобрување.

Ситуацијата во Њујорк е нешто понесигурно, затоа што дневниот раст на новозаразени во последните три дена е 7 илјади, а претходно бројката беше уште поголема. Оваа седмица според него е пресудна за тоа дали епидемијата ќе се зголеми.

„Ситуацијата во градот Њујорк полека се врти кон подобро. Клучниот момент пројде и сега камионот наречен Ковид-19 кој возеше кон Њујорк сега повеќе не забрзува, туку сопира, што значи дека ситуацијата се подобрува“, изјави Левит и порача дека ситуацијата ќе се подобри и во Италија и Швајцарија.

„Наскоро ќе читате вести за смирување на ситуацијата во Италија, како и во Швајцарија. Се уште не сме сигурни, но јас се надевам дека и Шпанија ќе се приклучи на земјите каде што ситуацијата се смирува“, изјави нобеловецот Левит.

Слични содржини