Нокиа е под истрага: Се сомничи дека праќала податоци на Кина

од desk2

Финските власти објавија дека отпочнале истрага против Nokia поради можниот неовластен пренос на личните податоци на корисниците во Кина.

Мобилните телефони на Nokia се произведени под лиценца од финската компанија HMD Global која соопшти дека личните податоци не се споделени со трети страни, иако таа призна постоење на софтверска грешка во една серија телефони, која сепак е корегирана, пишува Ројтерс.

Финскиот омбудсман за заштита на личните податоци , Реијо Арнио за британската агенција соопшти дека ќе испита дали прекршокот бил поврзан со загрозување на личните податоци и дали постои законско оправдување за тоа.

Норвешкиот јавен сервис НРК вчера објави еден случај на повреда на правата за заштита на личните податоци на моделот “Nokia 7 Plus”, произведен од HMD. Според НРК, компанијата потврди дека одреден број на податоци од овој модел се испратени на кинескиот сервер.

Во Nokia не сакале да ги коментираат ваквите обвинувања.

Слични содржини