Ноќва се менува времето: ЛЕКАРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ НА зголемување на ДЕПРЕСИЈАТА, но и на овие состојби!

од Берта Китинска

Оние кои дополнителниот час, добиен со движење на рацете, го користат за поминување време или спиење, не се жалат на оваа практика. Сепак, има и такви кои веруваат дека поместувањето на часовникот двапати годишно го менува биолошкиот ритам и влијае на здравјето на луѓето. Последното барање за негово укинување доаѓа од Европскиот парламент.

Во недела на 31 октомври започнува зимското сметање на времето. Во три часот часовникот треба да се помести еден час наназад, со што ќе „добие“ уште еден час. Иако се водеше многу дебата за тоа дали е неопходно зимско и летно сметање на времето, укинувањето нема да се случи годинава.

Лошо влијае на биоритамот, го зголемува бројот на сообраќајни несреќи, ги нарушува семејните односи, се само дел од аргументите со кои 70 пратеници во Европскиот парламент бараат укинување на директивата на Европската комисија за движење на стрелките двапати годишно.

Има се повеќе докази дека поместувањето на часовникот од летно во зимско сметање на времето и обратно може да остави сериозни последици по здравјето на организмот.

Поместувањето на стрелките на часовникот го нарушува и нашиот внатрешен часовник

Д-р Џозеф Такаши и неговиот тим го открија генот што го диктира нашиот внатрешен часовник уште во 1997 година, објави Медицинскиот центар Југозападен Универзитетот во Тексас. Со помош на ваквите гени, секоја клетка во нашето тело го следи времето, што значи дека нарушувањата во секојдневната рутина можат да ја нарушат нивната рамнотежа. Стресот предизвикан од поместувањето на часовникот може да предизвика несоница, па дури и проблеми со меморијата.

Расположение и депресија

Во текот на есента и зимата, повеќето од нас поминуваат повеќе време во затворени простории. Кога ќе завршиме со работното време, нè пречекува темнина, што значи дека поминуваме помалку време на сонце и на тој начин создаваме помалку витамин Д. Ниското ниво на витамин Д е поврзано со депресија, замор, лошо расположение, но и послаби коски и мускули болка.

Недостигот на дневна светлина што го носи зимското сметање на времето може да доведе до бројни психички проблеми, но и сезонска депресија. Еден дополнителен час дневна светлина што го имаме на летно сметање на времето ни значи многу, и за расположение и за здравје.

Помалата дневна светлина не прави поуморни

Штом сонцето ќе почне да заоѓа, нашето тело почнува да произведува мелатонин. Мелатонин е хормон кој нè прави повеќе уморни, па затоа спиеме, што е корисно кога сакаме да си легнеме, но никако не е пожелно да се случи додека се уште сме на работа. Истражувањата покажаа дека зимското сметање на времето предизвикало 11 отсто повеќе депресивни епизоди по поместувањето на часовникот, што покажува колку сончевата светлина ни помага да го одржиме менталното здравје.

Слични содржини