Јелена Ѓоковиќ вечерва се вклучи на Инстаграм во разговор во живо со своите фанови на оваа социјална мрежа, а во еден момент стигна барање од сопругот Новак, од спратот над оној на кој таа се наоѓаше, па ентузијастички и го прифати.

– Те гледам секој ден, сега те гледам и вака! (се смее) Не сме се виделе долго време, кажи ми како го помина денот? рече Јелена со насмевка на лицето, а Новак одговори, во свој стил:

– Ајде да разговараме, љубов … Вака, спиев долго, имав малку време за себе. Ќе се вклучам за неколку дена вака со Мареј, ќе биде интересно.

– Многумина се јавија затоа што сакаат да се заблагодарат на поддршката што неодамна и ја даде на Италија … – рече таа, а тој ја прекина:

– Мислиш – ние, не јас. Ние, љубов, ние!

„Па добро, јас ги пренесувам зборовите на другите луѓе … Така тие рекоа, не е важно …“, додаде таа.

– Те сакам, Италија! рече Новак, па се осврна на други теми.

– Децата спијат, треба да се ишишам … Сега сум врколак! Сè уште не сум решил дали ќе направам фризура, ќе видам. Еве луѓето прашуваат уште колку ќе ми дозволиш да играм тенис, еве одговори те молам!, рече Ноле.

– Имаш слобода да играш до крајот на животот, ако сакаш! рече таа.

– До крајот на животот? Не … Тоа е премногу – рече Новак!

Слични содржини