„Ноле ми го промени животот“: Бразилска одбојкарка за средбата со Ѓоковиќ на ОИ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ, предизвика вистинска еуфорија во Токио, а бројни конкуренти го „бркаат“ Србинот за да направат селфи со него.

Една од нив е бразилската одбојкарка Викторија Гимараеш, која истакна дека фотографијата со Ноле „ѝ го променила животот“.

„Луѓе, буквално сум надвор од мојот ум! Мојот живот штотуку се смени, сè уште не можам да верувам во тоа! Покрај тоа што е мој идол, тој е супер прекрасна личност. Го обожавам“, не можеше да го сокрие својот ентузијазам Бразилката која се огласи на социјалните мрежи.

Ѓоковиќ како голем шампион трпеливо се фотографираше со секој што сакаше да се фотографира, а дел од фотографиите кружат на Интернет.

Слични содржини