Ноле пред Мајами: Размислувам за тенис, а не за болка

од Vladimir Zorba

Србинот Новак Ѓоковиќ призна дека за првпат по многу години не бил загрижен за болката во лактот. Тој имаше периодични проблеми со оваа повреда и мораше да пропушти четири месеци во 2017 година, па дури и мораше да се подложи на операција во февруари.

„Во последните денови прво мислам на играта, нешто што ми недостигаше во еден многу долг период на време. Единствено што беше во мојот ум беше болката. Ова ми дава свежина, бидејќи мислите се ослободуваат. Доаѓам на турнирот во Мајами со посебни чувства. Се е сосема поинакво, бидејќи немам проблем со лактот. Немам посебни очекувања и планови. Се уште не сум во најдобра форма. Секој ден напредувам во играта. Може да се фокусирам на настапот, а не врз болката“, рече Новак Ѓоковиќ.

Слични содржини