Норис: Направив грешки, кои ги признавам, но не бевме доволно брзи

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, вели дека искачувањето на Макс Верстапен од 17-тото на првото место на неделната трка за Големата награда на Бразил во Формула 1 било „среќа“, по хаотичното попладне во Сао Паоло кое речиси ги уништи надежите на британскиот возач за шампионската титула.

Норис стартуваше од пол-позицијата, но заврши на шестото место, а сега е 62 поени зад Верстапен, со само 86 поени за освојување во преостанати три кола. Тоа значи дека Макс Верстапен ќе обезбеди четврта последователна титула ако заврши пред Норис во Лас Вегас на 23 ноември.

Макс Верстапен стана првиот возач по Кими Раиконен на Јапонското ГП во 2005 година кој победил од 17-тото место на гридот. Норис заврши 31 секунда зад својот ривал, но на прашањето за триумфот на Верстапен, возачот на Мекларен рече: „Макс возеше добро и имаше малку среќа. Тоа е тоа“.

„Направив неколку грешки, кои ги признавам. На крајот ме чинеше неколку позиции. Беше тежок ден. Дадов се од себе. Макс победи на трката. Браво за него, но тоа не менува било што“, изјави Ландо Норис, цитиран од агенцијата ДПА.

„Немавме среќа, а тие имаа таква со правило, со кое никој не се согласува. Секој возач вели дека сака да се смени. Но, ниту ние не бевме доволно брзи. Ако Макс тргнеше во водство, веројатно ќе не преминеше за круг. Претпоставувам дека Џорџ Расел се чувствува како да победил на трката денес, тој тоа го заслужи повеќе од кој било“, додаде Норис.

Слични содржини