Норвешкиот суд го именуваше осомничениот за убиството во геј бар

од Stefanija Kuzmanovska

Норвешкиот суд денеска официјално го именуваше осомничениот за смртоносното пукање во геј бар во Осло како Заниjар Матапур (42), норвешки државјанин со иранско потекло.

Матапур, когo полицијата го опиша како радикален исламист со историја на ментална болест, беше обвинет за убиство на две лица и повредување на 21 во саботата, денот кога градот требаше да ја прослави својата годишна Парада на гордоста, пренесува „Ројтерс“.

Занијар Матапур е обвинет за убиство, обид за убиство и тероризам.

Слични содржини