Носењето маска во јавен превоз и затворени места останува задолжително

од Берта Китинска

Поради намалување на бројот на заразени случаеви со ковид 19,Комисијата за заразни болести утрово препорача до Кризниот штаб олабавување на мерките.

Од  следната недела заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено, препорачуваат од КЗБ.

-Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не моиже да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни.Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски, информираше министерот за здравство по состанокот кој утрово го одржа со членовите на Комисијата за заразни болести.

Слични содржини