Носител на изборна листа се придружи кон ширењето говор на омраза кон новинарката Тања Милевска

од Берта Китинска

Преку социјалната мрежа Твитер носител на изборна листа на една политичка партија во една од изборните единици се придружи кон ширењето говор на омраза насочен кон дописничката на МИА од Брисел, Тања Милевска.

Името на носителот нема да го објавиме поради изборниот молк, а твитот веќе наиде на осуда во јавноста.

Денеска и Европската комисија преку писмено соопштение реагираше на вербалните напади и говорот на омраза на социјалните медиуми кон Милевска. И Владата преку соопштение ги осудува нападите со говор на омраза врз новинарката Тања Милевска и врз кој било друг новинар и граѓанин воопшто.

 

Слични содржини