Носталгија: „Млади бунтовници“ наскоро на Нетфликс

од Elena Daskalova

Тинејџерската сапуница која започна да се емитува во Аргентина, а потоа стана глобален феномен, од кој произлезе и музичка група, наскоро ќе биде достапна на Нетфликс.

Носталгичните ќе може да се потсетат на своето детство и тинејџерски години токму пред почетокот на новогодишните и божикните празници. Достапни ќе бидат сите 318 епизоди.

Информацијата беше објавена на официјалниот шпански твитер-профил на Нетфликс.

Минатата година се појавија тврдења дека е можен и римејк на оваа серија, со потенцијални враќања на дел од ликовите кои веќе ги знаеме. Појавувањето на серијата на Нетфликс само ги „подгрева“ сомнежите. Според креаторот Крис Морена, би било тешко да се смести целото дејствие во малку епизоди, но сепак, ни тој самиот не ја исклучува можноста дека некогаш ќе се случи посакуваниот римејк.

Слични содржини