„Not my king“: Кралот Чарлс исвиркан од демонстранти против монархијата (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Кралот Чарлс и кралицата Камила се соочија со демонстранти против монархијата за време на нивната последна официјална посета на Велики четврток, откако монархот ја „зацементира“ улогата на неговата сопруга како кралица.

Стотици луѓе се собраа денеска во Колчестер, Англија, надевајќи се дека ќе го видат кралот Чарлс Трети. Меѓутоа, собирот беше поделен на две различни групи: далеку поголема група беше таму за да го поддржи кралот, но оние што беа помали – оние што протестираа против него и институцијата што ја предводеше – можеби беа погласни.

Кралот и неговата сопруга, кралицата Камила, биле во градот на неколку часа од Лондон за да го прослават својот нов градски статус, да ја посетат библиотеката и да го објават името на новороденчето носорог во зоолошката градина. Сите многу стандардни кралски работи. Но, посетата на Чарлс привлече група од десетици луѓе кои носеа транспаренти на кои пишуваше „Not my king“ (Не е мојот крал) и гласно свиркаа додека кралската двојка поминуваше.

Демонстрациите беа организирани од Греам Смит, шеф на антимонархистичката кампања „Република“, чија мисија е „да види укинување на монархијата и замена на кралот со избран, демократски шеф на државата“, се наведува на веб-страницата.

Идејата на Република доби нов замав по смртта на кралицата и како што наведува Смит, денес собира сè поголема поддршка: сè повеќе поддржувачи и финансиска помош.

„Чарлс не ја наследи почитта и обожавањето кои ги уживаше кралицата“, рече Смит, додавајќи: „И ова е многу поинаква средина во која се води кампања сега“, пренесува ABC News.

Демонстрациите против покојната кралица беа исклучително ретки.

Слични содржини