Нотр Дам се отвора во 2024 година

од Vladimir Zorba

Катедралата Нотр Дам во Париз, уништена во пожар пред две години, повторно ќе биде отворена во 2024 година, вети во средата француската министерка за култура Розелин Бачелот, најавувајќи дека јавната акција, започнаta за нејзино обновување, овозможи да се соберат доволно средства.

„Досега се собрани 833 милиони евра и собраната сума ни овозможува мирно да размислиме за реконструкција“, рече министерката во Сенатот.

„Можам да ви кажам дека во 2024 година катедралата Нотр Дам повторно ќе се отвори“, додаде Розелин Бачелот.

Министерот ќе оди на градилиштето во четврток со претседателот Емануел Макрон, на втората годишнина од пожарот што делумно ја уништи катедралата, ремек-дело на готската уметност.

Вечерта на 15 април 2019 година избувна пожар во катедралата Нотр Дам во Париз, кулата се сруши и голем дел од покривот беше уништен, но пожарникарите сепак успеаја да ја зачуваат грандиозната средновековна зграда.

Причината за пожарот сè уште не е утврдена, иако истражителите ја отфрлаат идејата дека тој бил предизвикан намерно. Тие се фокусирани на краток спој или дури и на фрлен отпушок од цигара како можни причини.

Работите за реновирање допрва треба да започнат бидејќи зградата досега беше обезбедена. Ова треба да заврши до летото, така што вистинските реновирања ќе можат да започнат на почетокот на следната година.

Целта е да се одржи првата полноправна богослужба во возобновената катедрала на 15 април 2024 година, и покрај одложувањата заради пандемијата.

Слични содржини